Sinan Doğan
22 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
БОГОТА (АА) - Барбадос, островска земја на Карибите, со изборот на првата претседателка на земјата, стави крај на 396-годишното британско владеење, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во регионалните медиуми, 72-годишната Сандра Мејсон, добивајќи 45 гласа на тајната седница одржана во Парламентот и во Сенатот, стана првата претседателка на островската земја Барбадос.
Мејсон на 30 ноември, Денот на независноста на земјата, ќе положи заклетва и ќе застане на чело на државата, преземајќи ја функцијата од кралицата Елизабета Втора.
Во својата изјава дадена на 16 септември 2020 година, како генерална гувернерка на Барбадос, Мејсон рече дека сакаат да стават крај на признавањето на кралицата Елизабета Втора како претседателка на државата и да станат република од следната година.
- Се осамостои во 1996 година -
Иако Барбадос е де факто независен од 1956 година, оваа островска земја својата независност од Британија ја прогласи на 30 ноември 1996 година, но кралицата продолжи да биде шеф на државата.
Со население од приближно 285.000 жители, Барбадос се претвори во еден од најбогатите острови во регионот, благодарение на своите новитети во туризмот и финансиите.
Меѓу другите британски колонии што се наоѓаат во регионот на Карибите, Гвајана прогласи независност во 1970 година, Тринидад и Тобаго во 1976 година, а Доминика тоа го стори во 1978 година.