Admir Fazlagic
08 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска и морнаричкиот капетан Горазд Бартол, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО денеска од врвот Мусица на Бушева планина им го честитаа 8-ми Септември – Денот на независноста на сите граѓани на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
По повод Денот на независноста, Министерството за одбрана на Република Македонија го организираше настанот „Заедно кон врвот“, на кој учествуваа амбасадорите на ЕУ, Самуел Жбогар, на Обединетото кралство Чарлс Герет, одбранбени атаеши во Македонија, членовите на планинарското друштво „Ристо Карпуш“, како и голем број граѓани на Крушево.
„Дозволете ми на граѓаните на Република Македонија да им го честитам 8ми септември – Денот на независноста и да посакам следните 26 години да имаме поголема благосостојба и стабилност. Во 26-те години независност поминавме низ добри и тешки моменти, но покажавме дека кога се има иста цел, кога сме упорни и истрајни, таа цел е достижна. Денеска ни треба заедништво околу нашата заедничка стратешка цел – членство во НАТО и ЕУ“, рече министерката Шекеринска.
Таа додаде дека целта била прославата за 8-ми септември да не биде типична и заедно со многумина граѓани од Крушево и регионот, вработени во Министерството за одбрана и АРМ, партнери од НАТО ,воени aташеа и дипломатскиот кор, да се тргне на пат кон еден врв во Република Македонија.
„Патот не беше лесен, но заедно без откажување стигнавме до целта. Сакаме ова заедништво и истрајност да го искористиме за државата да чекори напред. Благодарам на поддршката од првиот човек на НАТО во Македонија, морнаричкиот капетан Бартол и неговит тим. Ќе бидеме партнер на кој ќе можат да се потпрат. Заедно сме посилни“, истакна министерката.
Морнаричкиот капет Бартол го честиташе Денот на независноста и изрази уверување дека сите 29 земји-членки на НАТО ја поддржуваат Република Македонија да стане 30. Земја-членка на НАТО.
„Вашата земја помина избори, има нова влада и нови идеи. Имам чувство дека вашата земја е решена да продолжи на патот кон членство во НАТО и ЕУ. Можам да ве уверам дека сите 29 земји даваат поддршка на вашата земја и со нетрпение очекуваме вашата земја да стане 30. членка на алијансата. Мојата канцеларија е тука да ви помогне“, рече Бартол.
Денешниот настан го симболизира стремежот на Република Македонија кон полноправно членство во Северно-атлантската алијанса и поврзаноста на Македонија со земјите партнери.