Сирискиот министер за надворешни работи денес ќе ја посети Турција
Посетата доаѓа во време на тековна регионална дипломатска активност и интензивирани разговори за безбедносните, хуманитарните и политичките прашања што се однесуваат на Сирија и нејзините соседи

ИСТАНБУЛ (АА) - Сирискиот министер за надворешни работи Хасан ал-Шејбани ќе ја посети Турција денес, соопшти турското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.
„Асад Хасан ал-Шејбани, министерот за надворешни работи на Сирија, ќе ја посети Турција на 13 август 2025 година“, соопшти Министерството, без да даде дополнителни детали за агендата.
Посетата доаѓа во време на тековна регионална дипломатска активност и интензивирани разговори за безбедносните, хуманитарните и политичките прашања што се однесуваат на Сирија и нејзините соседи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.