İsmet Karakaş
08 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
АНКАРА
Турското Обвинителство издаде налог за приведување на 56 лица во 27 града, под обвинение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Обвинителството во Анкара наведено е дека налогот е издаден во рамките на истрагата која ја водат Одделот за истрага на терористичките злосторства, Турската разузнавачка служба (MИT) и Одделот за борба против сајберкриминалот.
Станува збор за осомничени лица кои биле дел од структурата на ФЕТО во рамките на турската жандармерија, 43 подофицери кои претходно биле суспендирани и 13 студенти на воени школи.
Во тек се акциите за приведување во вкупно 27 града.
Терористичката организација Фетулахчи (ФЕТО) одговорна е за крвавиот обид за пуч во Турција, вечерта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичката организација која ја предводи Фетула Ѓулен, стациониран во Соединетите Американски Држави (САД), чија екстрадиција Турција формално ја побара од САД.
Членовите на таа терористичка организација, со години, со местење испити напредувале во службата, инфилтирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрво во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во судот во Турција, низ наместен процес, поради наводна корупција, направиле обид за процесуирање на високопозиционирани службеници.
Неколку години подоцна следуваше крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите во турската војска, верни на таа организација, иницираа пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна, а на тоа во неколку наврати посочуваа и турските функционери. Во обидот за пуч во Турција починаа 251 лице, а ранети беа околу 2.200 лица.