Турција

Калин: „Итно да се прекине насилството на израелските сили над палестинскиот народ“

„Нашите иницијативи, по инструкција на нашиот претседател, се продолжени на сите нивоа. За секој вид напад, насилство и инциденти над Палестинците одговорни се израелските власти“, напиша портпаролот на турското Претседателство, Калин

Mehmet Tosun  | 10.05.2021 - Обновена : 10.05.2021
Калин: „Итно да се прекине насилството на израелските сили над палестинскиот народ“

АНКАРА (АА) - Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател Ибрахим Калин повика на итно прекинување на насилството кое израелските окупаторски сили спроведуваат над цивилниот и невооружениот палестински народ во Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Калин пораката ја упати преку социјалната мрежа Твитер.

„Насилството кое израелските окупаторски сили го спроведуваат над цивилниот и ранливиот палестински народ треба итно да биде прекинато. Нашите иницијативи, по инструкција на нашиот претседател, се продолжени на сите нивоа. За секој вид напад, насилство и инциденти над Палестинците одговорни се израелските власти“, напиша Калин.

Палестинците во Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судски одлуки за протерување на палестинските семејства во Шеикх Џарах. Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот со интервенција ги разбрка верниците од комплексот на џамијата „Ал-Акса“.

Стотици Палестинци се повредени за време на нападот на израелските сили, а голем број земји и меѓународни организации најостро ги осудија израелските напади.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.