Şerife Çetin
10 Мај 2021•Ажурирај: 11 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, порача дека Турција ќе продолжи да ги брани правата на братскиот палестински народ и дека и понатаму ќе биде негов глас против израелското насилство во комплексот „Ал-Акса“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Не престанува израелското насилство врз невините луѓе во Ал-Акса“, наведе Чавушоглу во порака упатена преку Твитер.
Шефот на турската дипломатија порача дека за мировниот процес на Блискиот Исток повеќе не треба да зборуваат оние што не го креваат својот глас против тоа насилство и дивјаштво.
„Ќе продолжиме да ги браниме правата и да бидеме гласот на нашите палестински браќа“, порача Чавушоглу.