Турција, економија

Турција: Извозот во јуни надмина 12 милијарди долари

Податоците на Собранието на извозници на Турција покажаа дека вкупниот извоз во последните 12 месеци е зголемен за 9,7 отсто на годишно ниво и достигна 161,5 милијарди долари

Muhammed Ali Gürtaş  | 01.07.2018 - Обновена : 02.07.2018
Турција: Извозот во јуни надмина 12 милијарди долари

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Извозот на Република Турција, во јуни оваа година, во споредба со истиот период минатата година, се зголеми за 5 проценти и изнесува повеќе од 12 милијарди американски долари, соопштија од Турското собрание на извозници (TIM), јавува Anadolu Agency (AA)

Минатиот месец, извозот во Турција изнесуваше 12,6 милијарди долари, додека за периодот од првите 6 месеци од оваа година, тој изнесуваше речиси 82 милијарди долари.

Податоците на Собранието на извозници покажаа дека вкупниот извоз во последните 12 месеци е зголемен за 9,7 отсто на годишно ниво и достигна 161,5 милијарди долари.

Во јуни, со 52 отсто од вкупниот месечен извоз, Европската Унија беше главен пазар за турските производи.

Најголем извоз е забележан во секторот за автомобили (2,5 милијарди долари), проследен со хемиските производи (1,42 милијарди долари) и текстилот (1,36 милијарди долари).

Според турската Агенција за статистика, извозот достигна рекордни 157,6 милијарди долари во 2014 година. Минатата година тој изнесуваше речиси 157 милијарди долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın