Турција

Ердоган разговараше со палестинските лидери: „Турција секогаш ќе биде покрај палестинските браќа“

Турскиот претседател Ердоган оствари одделни разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со политичкиот лидер на движењето Хамас, Исмаил Хеније

Mehmet Tosun  | 10.05.2021 - Обновена : 11.05.2021
Ердоган разговараше со палестинските лидери: „Турција секогаш ќе биде покрај палестинските браќа“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција секогаш ќе го поддржува палестинското прашање, ќе биде покрај палестинските браќа и ќе го брани достоинството на Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател соопштено е дека Ердоган денеска имал одделни разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со политичкиот лидер на движењето Хамас, Исмаил Хеније.

Ердоган за време на телефонските разговори со палестинските челници, остро ги осудил израелските напади врз Палестинците и врз комплексот на џамијата „Ал-Акса“ во Кудс (Ерусалим) и ги окарактеризира како тероризам.

„Ердоган најави дека ќе стори сè за целиот свет, на чело со муслиманските земји, да се дигне против теророт и окупацијата кои ги спроведува Израел“, се наведува во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.