Ekipa
15 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, присуствуваше на специјалната седница на турското Големо национално собрание, што се одржа по повод 15 јули, Денот на демократијата и националното единство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во Парламентот беше свечено пречекан од страна на потпретседателот на Парламентот, Џелал Адан.
Ердоган влезе во Собранието преку Портата на честа. Тука беше дочекан од претседателот на парламентарната група на АК Партијата, Наџи Бостанџи, и од пратениците на АК Партијата.
Претходно, турскиот претседател заедно со роднините на загинатите херои и повредените од 15 јули, денот на неуспешниот обид за пуч во Турција, пред Споменикот на жртвите со интонирање на химната „Мехтер“ положија цвеќе и упатија молитви.
По положувањето цвеќе, Ердоган и роднините на загинатите заминаа во џамијата „Бештепе Милет“.