Nazlı Yüzbaşıoğlu
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со високата комесарка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија (ЕУ), Федерика Могерини, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, министерот Чавушоглу и високата претставничка на ЕУ, Могерини, разговарале за прашањето во врска со Источниот Медитеран.
Министерот Чавушоглу, исто така, вчера за истата тема оствари телефонски разговори со финскиот министер за надворешни работи, Пека Хаависто, и со шведскиот министер за надворешни работи, Маргот Валстром.
Во петокот, Чавушоглу оствари телефонски разговори со словачкиот колега, Мирослав Лајчак, министерот за надворешни работи на Киргистан, Чингиз Ајдарбеков, министерот за надворешни работи на Словенија, Миро Церар, министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Виорел Мелескану, и со министерот за надворешни работи на Малта, Кармело Абела.