Ferdi Türkten
15 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, положи цвеќе на Споменикот на загинатите (шехидите) од 15 јули, денот на неуспешниот обид за пуч во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во рамките на програмата „Денот на демократијата и националното единство“ пред Претседателскиот комплекс разговараше со семејствата на шехидите од 15 јули и со повредените лица таа вечер.
Потоа, претседателот Ердоган заедно со роднините на загинатите и повредените од таа вечер пред Споменикот во придружба на химната „Мехтер“, положија цвеќе и упатија молитва.
Денес со различни манифестации во Турција и во други земји им се оддава почит на шехидите и граѓаните на Турција, кои на денешен ден 2016 година храбро пружија отпор и ги спречија терористите на ФЕТО во намерата да ја соборат легитимната власт во земјата.