Merve Aydoğan
25 Април 2018•Ажурирај: 25 Април 2018
КОЊА (АА) - Судот во централна Коња денес изрече затворски казни за 342 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, поради нивната вмешаност во неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година, во кој загинаа 250, а беа повредени речиси 2.200 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на власта во Турција, преку инфилтрирање на своите поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.
„Деветтиот кривичен суд осуди 332 од вкупно 478 осомничени лица поради припадност на терористичката организација ФЕТО“, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Осум лица беа обвинети дека помагале на терористичката организација, додека две за управување со групата.
Изречените затворски казни се во период од 18 месеци и 22 дена до 13 години и 6 месеци.