Handan Kazancı
25 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
АДАНА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека Турција се соочува со нов бран илегални мигранти од Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сé уште се соочуваме со бранот мигранти, а во последниве месеци, особено со мигранти од Авганистан“, изјави Сојла во Адана.
Потсетувајќи дека во Турција, минатата година дојдоа вкупно 45.259 мигранти од Авганистан, Сојлу рече дека за неполни четири месеци од оваа година, 29.899 мигранти пристигнале од Авганистан без соодветна документација.
Минатата година во Турција беа уапсени вкупно 4.641 мигранти, а од почетокот на годинава беа уапсени 1.338 трговци со луѓе, кои преку илегални патишта носеа мигранти од различни региони.
Во моментов, во Турција има 3,5 милиони сириски бегалци, повеќе од која било друга земја во светот.