Kemal Karadağ
08 Октомври 2021•Ажурирај: 09 Октомври 2021
АНКАРА (АА) – Турската полиција заплени околу 405 килограми хероин, објави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Дрогата е запленета во текот на операциите против трговијата со наркотици, спроведени од турската полиција, во источната турска област Ван и југоисточната област Хакќари“, соопшти Сојлу преку Твитер, објавувајќи фотографии од криумчарената стока.
„Полициските тимови во текот на операцијата уапсија двајца осомничени“, додаде Сојлу, кој им честита на полициските тимови за успешните операции.