Анализа на вести

Тешко вооружено и опасно - беспилотното летало „Акинџи“ на небото

Како многу поголем од „Бајрактар ​​ТБ-2“, големиот капацитет за борбена носивост на „Акинџи“ од 1.350 тони дава можност за поголеми количества оружје и флексибилни концепти на операции

Dr. Can Kasapoglu  | 08.09.2021 - Обновена : 09.09.2021
Тешко вооружено и опасно - беспилотното летало „Акинџи“ на небото

Пишува: Д-р Џан Касапоглу

- Авторот е директор на Истражувачката програма за безбедност и одбрана на тинк-тенк организацијата ЕДАМ од Истанбул, д-р Џан Касапоглу, исто така, е нерезидентен соработник за Евроазиските воени работи во Фондацијата „Џејмстаун“.

ИСТАНБУЛ (АА) - Неодамна, Турските вооружени сили започнаа да ја примаат првата пратка од новите беспилотни воздушни системи „Акинџи“. Дизајнирани и произведени од „Бајкар“, поточно од креаторите на „Панцир“ ловецот „Бајрактар ​​ТБ-2“, беспилотното летало „Акинџи“ поседува голема огнена моќ и флексибилни концепти на операции (CONOPS). Уште поважно, паралелно со останатите клучни достигнувања, како што се беспилотното летало „Аксунѓур“ [1] на ТУСАШ [1] со борбени можности против подморници, основните линии на Турската одбранбена компанија СТМ Каргу [2] и камиказа-дронот „Алпагу“ со високи карактеристики на вештачка интелигенција и напредни алгоритми, УЛАК - изработен од компанијата „Метексан“ и бродоградилиштето „Арес“ [3], беспилотни површински поморски воени системи, како и новопретставените [4] прототипи на беспилотни системи за копнено војување, Одбранбената технолошка и индустриска база на Турција разви експоненцијално растечко практично знаење и вештини за решенија за роботска војна.

- Тешко вооружен и опасен: Воената носивост на „Акинџи“ вредна за споменување -

„Бајрактар ТБ-2“ на „Бајкар“ одигра главна улога во воената победа на Азербејџан во втората војна во Карабах, по неговите успеси во Сирија и Либија. Како многу поголем од „Бајрактар ​​ТБ-2“, големиот капацитет за борбена носивост на „Акинџи“ од 1.350 тони дава можност за поголеми количества оружје и флексибилни концепти на операции.

„Акинџи“ веќе ја носеше муницијата MAM-T на „Рокетсан“ за време на пробните летови. За почеток, главното избрано оружје во турските и азербејџанските воени дејства беше помалото, МАМ-Л [5], кое тежи околу 22 кг и има дострел од 8 до 14 км. МАМ-Т, новата и потешка варијанта, тежи над 90 килограми, има подеструктивна огнена моќ. „Акинџи“, исто така, може да носи муниција на турските ТУБИТАК и САГЕ за директен напад, имено, некогашните ненаведувани бомби модернизирани со систем за наведување.

Меѓу конфигурациите за воена носивост на „Акинџи“ [6], без сомнение, автохтоната крстосувачка ракета СОМ-А заслужува најголемо внимание. Со дострел од околу 250 километри, комбинацијата СОМ-А и „Акинџи“ ќе им обезбеди на турските воени планери можност и способност за големи напади од беспилотните платформи. Во непријателските воздушни простори, како што е Сирија за почеток, таквиот капацитет може да даде одлучувачки стратешки резултати, особено против цели со голема важност.

На Саемот ИДЕФ-2021 претставена беше уште една интересна интеграција на тешката муниција, модификацијата на тешката ракета ТРГ-230 / тактичка балистичка ракета за турските беспилотни летала од новата генерација, со голема носивост. Првично дизајнирана за копнено војување, TРГ-230 тежи околу 210 килограми и доаѓа со боева глава од 50 килограми, што овозможува ефективен радиус од над 55 метри. Понатаму, системите за наведување (ГПС и ИНС) ја прават прецизна со помалку од 10 метри можна грешка (CEP).

- Иновативниот КОНОПС и можностите -

Што се однесува до КОНОПС (Концепт на операции), турскиот „Акинџи“ може да пружи одредени футуристички размислувања. Секако, имаме малку докази со отворен код што можат да фрлат светлина на плановите на турската технолошка и индустриска одбранбена база. Но, постојат некои индиции. На 26 мај 2019 година, на пример, шефот на Одделот за одбранбена индустрија при турското Претседателство, Исмаил Демир, објави амбициозна симулација на својот твитер-профил, [7] прикажувајќи ги турските камиказа-дронови „Алпагу“, пуштени од беспилотните воздушни системи „Акинџи“, користејќи ги како матичен брод. Линијата на СТМ „Алпагу“ [8] - заедно со својата „сестра“ со ротациони крила „Каргу“, има паметни алгоритми и други автономни карактеристики, како и напредни системи за процесуирање на слики. „Акинџи“, исто така, може да споделува ажурирања на целта во реално време со пуштените беспилотни камиказа-летала, потпирајќи се на неговите напредни сензори, вклучително и на радарот АЕСА. Таквата предност на КОНОПС може да го најави почетокот на вистинска ера на смртоносни автономни вооружени системи на Турција.

Друго важно прашање останува систематската интеграција помеѓу системите за електронско војување (ЕВ) и асетот за војување со беспилотни летала. Едноставно кажано, при операцијата „Пролетен штит“ (2020), турските беспилотни воздушни системи, односно ефикасната соработка помеѓу турското оружје за електронско војување и беспилотните летала овозможи уништување на сирискиот „Панцир“, заедно со другата воздушна одбрана, во нивниот опсег на ангажман.

Во моментов, турските одбранбени индустрии бележат брз напредок во сегментот на електронско војување.

Освен конвенционалните воени придобивки, „Акинџи“ може да пружи дополнителни хоризонти за поширокиот турски безбедносен сектор. На пример, турската национална разузнавачка служба веќе долго време е корисник на воените достигнувања на беспилотните летала. Нападите со беспилотни летала за елиминирање на терористичката мрежа на ПКК и ЈПГ во северен Ирак и Сирија постепено станаа клучен столб на турската антитерористичка политика. Со способноста за поголем дострел, носивост и смарт-системи на „Акинџи“, нападите со беспилотни летала на турската разузнавачка служба може да преминат на сосема ново ниво.

На крај, многу се шпекулираше и за способностите за воздушно војување на „Акинџи“. Конфигурацијата на воената носивост на беспилотниот воздушен систем ги вклучува домашните турски ракети „воздух-воздух“ во визуелниот и надвор од визуелниот дострел „Боздоган“ и „Ѓокдоган“. Значи, може ли „Акинџи“ да собори вистински цели при воздушно војување? Засега нема евиденција за беспилотни платформи што пресретнале авиони со екипаж. Во 2002 година, американското беспилотно летало „Предатор“ се обиде да собори ирачки „Миг-25“. [11] Дури и „Миг-25“, кој е советска технологија од крајот на 1960-тите, беше речиси невозможна мисија за „Предатор“, бидејќи ирачките авиони имаа значителна брзина и кинематични предности. Сепак, евидентирано е соборување на беспилотно со беспилотно летало [12]. За време на воените вежби во 2018 година, американското беспилотно летало МКЈУ-9 Рипер собори друго бепилотно летало кое беше цел.

Сѐ на сѐ, не треба да се очекува вклучување на „Акинџи“ во блиски борби со други воздухоплови или во соборување непријателски воени авиони. Најверојатно, тоа никогаш нема да се случи. Меѓутоа, хипотетички, во поможното сценарио во кое „Акинџи“ е добро поддржан од ефикасна мрежа на пријателски сензори и радари и ги истрелува своите проектили воздух-воздух со визуелен дострел против, да речеме, воздухоплов во бавен лет или платформа со ротирачки крила, со мала свесност за ситуацијата и без топографска предност пружена од оперативната средина, светот може да биде сведок на првото соборување на воздухоплов со екипаж од страна на беспилотно летало во историјата на воздушното војување. Но, сепак, да се биде на јасно, „Акинџи“ е стратешко беспилотно летало од висока класа, а не асет за воздушно војување.

Последно, но не и најмалку важно, „Акинџи“ не е само џиновски носач на оружје. Доаѓа со радар АЕСА и други напредни сигнали и можности за електронска интелигенција, заедно со сет моќни карактеристики на вештачка интелигенција. Беспилотното летало исто така оперира и на надморска височина од 9.140 до 12.200 метри. Така, во услови на мрежно-центрирано војување, може да обезбеди робусно разузнавачко надзорно целно постигнување/извидување (ISTAR) на други пријателски единици, особено на копнени формации за поддршка.

- Што е следно?

Во лексиконот на турската воена историја, терминот „Акинџи“ (Акинџи - напаѓач) се однесува на високоспособни напаѓачи и брзи лесни коњички формации кои извршуваат специјални задачи како што се брзи напади од зад непријателските линии, извидување на непријателска територија и пионерски напредни армии. Мобилните воени единици „Акинџи“, кои може да се сретнат наназад во воената традиција на азијатските туркијски воини на коњи во степите, беа неопходни за време на освојувачките походи на Османлиското Царство.

Иако именуван по акинџиите, беспилотното летало „Акинџи“ не е лесна коњаница од воена гледна точка. Туку, комбинирајќи оружје за напад, мобилност и неговиот потенцијал за сестрана употреба, беспилотниот воздушен систем наликува на тешките коњички формации на туркијско-монголските орди.

Не треба да се заборави фактот дека основниот успех во Карабах, Сирија и Либија, не беа само турските беспилотни летала, туку турскиот начин на војување со беспилотни летала. Останува да се види кои концепти и начини на војување со „Акинџи“ се за инспирација.

* Мислењата изразени во овој текст му припаѓаат на авторот и нужно не ја одразуваат уредничката политика на Агенција Анадолија (АА).

[1] https://www.tusas.com/urunler/iha/yuksek-faydali-yuk-kapasitesi/aksungur

[2] https://www.stm.com.tr/en/kargu-autonomous-tactical-multi-rotor-attack-uav

[3] https://www.aa.com.tr/en/analysis/analysis-turkey-s-robotic-warfare-efforts-set-sail-to-high-seas/2161762

[4] https://www.aa.com.tr/tr/bilim-teknoloji/ihalarda-edinilen-tecrube-deniz-ve-kara-araclarina-tasiniyor/2286832

[5] https://www.roketsan.com.tr/en/product/mam-l-smart-micro-munition/

[6] https://www.baykarsavunma.com/iha-14.html

[7] https://twitter.com/IsmailDemirSSB/status/1132725606418919426

[8] https://www.stm.com.tr/en/alpagu

[9] https://roe.ru/eng/catalog/air-defence-systems/air-defense-systems-and-mounts/%22Pantsir-S1%22/

[10] https://missilethreat.csis.org/defsys/pantsir-s-1/

[11] https://www.popularmechanics.com/military/aviation/a23320374/reaper-drone-first-unmanned-air-to-air-kill/

[12] https://www.popularmechanics.com/military/aviation/a23320374/reaper-drone-first-unmanned-air-to-air-kill/


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.