Dzihat Aliju
26 Октомври 2025•Ажурирај: 27 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Памуккале, една од најважните туристички дестинации во Турција, продолжува да го привлекува вниманието на домашните и странските туристи со белите травертински тераси и термалните води, јавува Анадолу.

Травертините на Памуккале, формирани од природните наслојки на калциум карбонат од термалните води, нудат уникатен пејзаж, поради што е ставен на листата на светското наследство на УНЕСКО.

Според најновите податоци од Дирекцијата за култура и туризам на Денизли, бројот на посетители на Памуккале значително се зголемил последниве месеци и од 2000 година, откако редовно се евидентира бројот на посетители, го посетиле над 37 милиони туристи.
Памуккале, што на турски значи памучен замок, не нуди само природна убавина туку и можност да се посети античкиот град Хиераполис, кој се наоѓа во оваа област.