Бројот на откриени случаи на Ковид-19 во светот надмина 98 милиони
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 25.196.086 лица, додека од Ковид-19 починаа 420.285 лица
АНКАРА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 98 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometers“, во светот со Ковид-19 се заразени вкупно 98.089.877 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 24.626.376 лица.
Како последица на вирусот во светот починаа 2.100.404 лица.
Најмногу случаи се откриени во Соединетите Американски Држави (САД), каде што со вирусот се заразени 25.196.086 лица, додека од Ковид-19 починаа 420.285 лица.
Што се однесува до бројот на откриени случаи, по САД следуваат Индија (10.626.200), Бразил (8.699.814), Русија (3.655.839), Велика Британија (3.543.646), Франција (2.987.965), Шпанија (2.560.587), Италија (2.428.221), Турција (2.412.505), Германија (2.108.895), Колумбија (1.972.345), Аргентина (1.843.077), Мексико (1.711.283), Полска (1.457.755), Јужноафриканска Република (1.380.807), Иран (1.354.520), Украина (1.177.621) и Перу (1.082.907).
Од друга страна, што се однесува до бројот на починати, по САД следуваат Бразил (214.228), Индија (153.067), Мексико (146.174), Велика Британија (94.580), Италија (84.202), Франција (71.998), Русија (67.837), Иран (57.157), Шпанија (55.041), Германија (51.151), Колумбија (50.187), Аргентина (46.355), Јужноафриканска Република (39.501), Перу (39.274), Полска (34.561), Индонезија (27.203), Турција (24.640), Украина (21.499) и Белгија (20.572).
Во светот 70.467.972 лица оздравеа од овој вирус, додека 25.521.501 лице се во процес на лекување.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.