свет, Коронавирус

Велика Британија ги попушти рестриктивните мерки за Ковид-19

Во рамките на новите правила, на луѓето ќе им биде дозволено да се собираат во групи од по шест лица во паркови или приватни градини, а повторно ќе бидат отворени спортските терени, игралиштата, базените...

Ahmet Gürhan Kartal  | 29.03.2021 - Обновена : 30.03.2021
Велика Британија ги попушти рестриктивните мерки за Ковид-19

ЛОНДОН (АА) - Велика Британија денес започна со попуштање на строгите мерки за ограничување против Ковид-19, што беа воспоставени пред Божиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на новите правила, на луѓето ќе им биде дозволено да се собираат во групи од по шест лица во паркови или приватни градини, а повторно ќе бидат отворени спортските терени, игралиштата, базените на отворено и од понеделник ќе започнат организираните тимски спортови.

„Знам колку луѓе ги пропуштија дружењата и натпреварувањата на организираниот спорт и колку е тешко да се ограничат физичките активности - особено за децата“, рече премиерот Борис Џонсон.

„Знам дека многумина ќе го поздрават проширувањето на социјалниот контакт, со тоа што групи од шест лица или две домаќинства сега исто така можат да се сретнат на отворено.“

Сепак, Џонсон предупреди луѓето да останат претпазливи и да продолжат да работат од дома, доколку тоа е возможно, и да ги редуцираат своите патувања.

„Мораме да останеме претпазливи поради зголемениот број случаи на вирусот низ Европа и неколкуте негови варијанти, кои претставуваат закана за ширењето на нашата вакцина“, изјави тој.

„И покрај денешното официјално попуштање на мерките, сите мора да продолжат да се придржуваат до правилата, да внимаваат на рацете, лицето и просторот и да отидат на вакцинирање кога ќе бидат повикани“, додаде тој.

Во Лондон, каде што во неколкуте протести одржани неодамна незаконски беа собрани илјадници луѓе, метрополитенската полиција ги потсети луѓето дека големите собири остануваат незаконски.

Се предупредува дека полициските службеници итно ќе реагираат на домашните забави и ќе казнуваат.

Властите започнаа со попуштање на мерките, при што повеќе од 30 милиони луѓе - речиси половина од населението - во Велика Британија ја примија првата доза вакцина против Ковид-19.

На граѓаните сè уште им е забрането да одат на одмор во странство, со парична казна од 5.000 фунти за прекршување, бидејќи земјата е претпазлива во однос на новите варијанти на вирусот.

Следниот чекор во нормализација се очекува да биде на 12 април, со што на пабовите и рестораните ќе им биде дозволено да продолжат со услугите на отворено, а ќе бидат отворени и продавниците на неесенцијалните дејности.

Според официјалните податоци, Велика Британија го има најголемиот број смртни случаи од последиците на Ковид-19 во Европа, при што досега починале 126.592 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.