Ömer Tuğrul Çam
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, и челничката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, најавија дека на 6. април ќе ја посетат Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата за посетата на двајцата челници на ЕУ ја соопшти на социјалните мрежи портпаролот на Кабинетот на Мишел, Баренд Лејтс.
Тој наведе дека Мишел и Вон дер Лајен во Турција ќе се состанат со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Првиот човек на Европскиот совет, Мишел, минатата недела по завршувањето на Самитот на лидерите на ЕУ, изјави дека има намера да ја посети Турција во текот на април, но не го откри датумот на посетата.
Лидерите на членките на ЕУ на Самитот постигнаа договор за јакнење на соработката со Турција на полето на економијата, миграциите, патувањата и интеракциите меѓу заедниците.