Emel Gözellik
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
АНКАРА (АА) - Пет бунтовници загинаа во судир меѓу безбедносните сили и маоистичките бунтовници во југозападна Индија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, индиските власти соопштиле дека во шумските предели во подрачјето Гадчироли во индиската држава Махараштра дошло до судир меѓу безбедносните сили и маоистичките бунтовници.
Властите информираа дека во судирот животот го загубиле 5 бунтовници, а безбедносните сили заплениле големи количества оружје и муниција што им припаѓале на бунтовниците.
Маоистичките бунтовници, инспирирани од кинескиот револуционерен лидер Мао Це Тунг, од 1967 година организираат вооружени акции во многу држави во северниот, источниот и централниот на Индија.
Маоистичките бунтовници тврдат дека се борат за поголеми права на племињата и сиромашните.
Според податоците на Јужноазискиот портал за тероризам, повеќе од 14.000 лица, од кои 8.000 цивили, загинале во судирите меѓу безбедносните сили и маоистичките бунтовници од 1999 година досега.