Muhammet Kurşun
29 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, го одобри предлогот за амнестија или намалување на казната за 1.849 затвореници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од неговиот Кабинет се наведува дека уредбата за помилување на затворениците е донесена по препорака на правосудството и по одобрувањето на иранскиот врховен водач.
Одлуката за помилување е донесена по повод раѓањето на 12. шиитски имам Мехдија. Не е наведено колку затвореници се амнестирани, а колку добиле намалување на казната.
Според Уставот на Иран, Хамнеи, како врховен водач, има овластување да помилува затвореници.
На предлог на иранското правосудство, Хамнеи секоја година донесува одлука за помилување, посебно на годишнината од Исламската револуција, по повод по повод раѓањето на 12. шиитски имам и другите верски празници.