Etem Geylan
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во обраќањето на првиот Светски хуманитарен самит денес во Истанбул истакна дека болката нема боја, раса, јазик ниту религија и во тој контекст Турција реализира проекти за пружање помош во 140 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Војни, природни катастрофи, епидемии, кризи како последица на климатските промени се закана за мирот на целиот свет и просперитетот на заедничката иднина, истакна претседателот Ердоган.
„Болката нема боја, раса, јазик ниту религија, тоа добро го знаеме. Поаѓајќи од тоа Трција денес реализира хуманитарни проекти во над 140 земји на светот”, рече Ердоган во обраќањето на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул.
Ердоган нагласи дека Турција има згрижено над три милиони бегалци од Сирија и Ирак истакна дека вратите на Турција ќе бидат секогаш отворени за пружање помош.
„Во нашата земја угостивме над три милиони бегалци од Сирија и Ирак. Сакам да кажам дека додека трае тој егзодус, додека луѓето бегаат пред бомбите, без оглед дали се Сиријци или Ирачани, било кои, ние никогаш нема да ја затвориме нашата врата за бегалците, никогаш нема да ја затвориме вратата на хуманоста”, рече Ердоган.
Претседателот Ердоган му се заблагодари на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и неговиот тим за вложените напори на одржување на вака важен Самит, за спасот на животите на стотици милиони луѓе загрозени од војните.
Самитот започна со доаѓањето на околу 60 претседатели на држави и влади, кои најпрвин на работен појадок се состанаа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Светскиот хуманитарен самит се одржува денес и утре во Истанбул, по иницијатива на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.