Savaş Güler,Rifat Yerlikaya
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
КОЊА (АА) - Во рамките на истрагата за терористичката органзација ФетулаЏи/Паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) кои се обвинети за инфилтрирање на членството во државните апарати на Турција и бројни нелегални работи, вклучувајќи го и обидот за државен удар, турската полиција од 2014 година приведе повеќе од 4.000 осомничени, јавува Anadolu Agency (AA)
Од 4.011 осомничени кои се лишени од слобода за време на операцијата против паралелни структури, 822 од нив се задржани во притвор.
Од почетокот на оваа година во Турција приведени се вкупно 2011 осомничени, а само во мај од нив, лишени се од слобода 865. Така, мај беше најинтензивен месец кога станува збор за операциите против „паралелните структури” во Турција, а од приведените, 193 осомничени се задржани во притвор.
- Операција против финансиската мрежа на „ паралелната структура ” -
Вчера припадниците на Одделот за финансиски криминал при Полициска дирекција во Анкара од слободa лишија 30 од вкупно 46 осомничени лица кои се обвинети дека со подсредство на една компанија во САД обезбедувале финансиска помош на организацијата ФЕТО/ПДЈ.
Со цел да не го надминат лимитот од 10.000 долари кои подлежат на оданочување, осомничените со помош на „ паралелните структури” праќале во трансакции во вредност од 9,999 долари.
- Операција „шпионски софтвер” во полицијата -
Вчера турската полиција од слобода лиши осум осомничени лица, меѓу кои три поранешни полицајци кои се обвинети дека со подсредство на една софтверска фирма 2013 година на компјутерите во Разузнавачкиот оддел на Полицискиот Директорат инсталирале вирус за шпионажа.
Фетулах Ѓулен е лидерот на терористичката организација со која во повеќе државни институции биле поврзани „ паралелните структури” кои со злоупотреба на позициите се обиделе да предизвикаат дестабилизација на земјата и да извршат државен удар.
Во врска со оваа организација во Турција се водат низа судски процеси во кои се подигнати обвиненија за прислушување, злоупотреба на службената положба и овластувања, обид за државен удар и други криминални активности. Полициските операции против организацијата на Ѓулен во Турција започнаа во 2014 година, а досега се приведени неколку илјади лица.
Во операциите против „ паралелните структури” за време на 2014 и 2015 година од слобода се лишени 750 полицајци и 80 војници.