Soner Kılınç
08 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
УШАК (АА) - Во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во Ушак, западна Турција, во притвор е задржан еден од нејзините имами, Ахмет Акдоган, кој планирал да избега во странство, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА, екипите за борба против тероризмот во Ушак го привеле Aкдоган (68) и неговата сопруга кога се подготвувале да избегаат во странство, од аеродромот „Аднан Мендерес ”во Измир.
По Акдоган се трагаше седум месеци поради сомнение дека е имам и висок раководител на терористичката организација.
Тој и неговата сопруга се донесени во Ушак, каде што дадоа изјави. Сопругата на Акдоган е ослободена, а тој е задржан во притвор.
Дежурниот суд Ахмет Акдоган го задржал во притвор поради членување во терористичка организација, раководење со терористичка организација и обезбедување финансиска поддршка за терористичка организација.
Постојат наводи дека Акдоган е во роднинска врска со лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, и дека низа години раководел со одредени образовни институции во Турција, но и дека бил имам во Ерзрум.
При приведувањето на Акдоган кај него биле пронајдени околу 7.500 евра и листа со имиња на судии и обвинители.