Betül Yürük
16 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
ЊУЈОРК (АА) – Чартер училиштата во сојузната држава ЊУ Џерси, поврзани со терористичката организација ФЕТО, минатата година добиле финансиска помош од 60 милиони долари од државниот буџет на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во веста објавена во дневниот весник „Рекорд“ и на сајтот „NorthJersey.com“, се наведува дека некои основачи на чартер-училиштата во Њу Џерси се блиски со лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен и дека тие во 2016 година добиле финансиска поддршка од американската администрација.
Во веста се тврди дека ФЕТО, кој управува со 7 училишта во Њу Џерси, се храни од парите на даночните обврзници во САД, и дека некои од основачите на овие образовни институции донирале стотици илјади долари за политички цели.
- Повеќе од 500.000 долари донација за предизборната кампања на Обама -
Се забележува дека поранешниот раководител на чартер-училиштата „Петерсон наука“ и „Технологија“ на ФЕТО, во Њу Џерси, и претседател на Советот на турско-американските здруженија, Фуркан Кошар, донирал повеќе од 500.000 долари за предизборната кампања на Обама во 2012 година.
Во веста, исто така, се вели дека некои основачи на овие училишта под договор се обидувале да добијат финансиска поддршка од властите на државата за да организираат екскурзии во Турција.
Во веста се наведува и изјавата на раководителот на адвокатската компанија „Амстердам & Партнерс“, Роберт Амстердам, во која се вели: „Очигледно е дека овие училишта работат на собирање пари за Ѓулен, но и за вработување на неговите следбеници, при што 1% од нивните приходи одат кај Ѓулен“.
Амстердам истакна дека училиштата на ФЕТО не ја вршат функцијата на чартер-училишта и оти тие во САД вршат активности за собирање политичка поддршка за Ѓулен.
Се тврди дека чартер-училиштата „Берген – училиште за уметност и наука“, „Патерсон – училиште за наука и технологија“, „Пасаик – училиште за уметност и наука“, „Томас Едисон – ЕнерџиСмарт“, „Предучилиштен подготвителен колеџ – Централ Џерси“, се под контрола на ФЕТО.