Hamdi Yıldız
16 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
ТУНИС (АА) - Претседателот на Тунис, Беџи Каид ес-Себси ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци воведена во земјата во ноември 2015 година, по нападот на припадниците на претседателската гарда, јавува Anadolu Agency (AA).
Вонредната состојба е продолжена и по нападот извршен на плажа во летувалиштето Сус, кога беа убиени 38 странски туристи, главно Британци.
„Претседателот, премиерот и претседавачот на Парламентот донесоа одлука вонредната состојба да се продолжи за уште три месеци, а одлуката денес стапува на сила“, се вели во соопштението.
Вонредната состојба првобитно беше прогласена во ноември 2015 година, кога е извршен напад на претседателската гарда, а последен пат беше продолжена на 17 јануари.