Mehmet Nuri Uçar
16 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
МОСУЛ (АА) – Во извршените воздушни напади од страна на меѓународните коалициски сили врз терористичката организација ДЕАШ во градот Мосул, во Ирак, убиени се 5 челници на ДЕАШ, меѓу кои и нивниот таканаречен гувернер на Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава на Воената медиумска мрежа поврзана со Министерството за одбрана на Ирак, се вели дека во извршените воздушни напади од страна на коалициските сили врз седиштето на ДЕАШ, кое се наоѓа во западниот дел на градот Мосул, убиен е таканаречениот гувернер на Мосул од редовите на ДЕАШ, Хамид Ахмед Ибрахим, членот на ДЕАШ одговорен за трансфер на пари, Хамади Ахмед Суммак, како и организаторот на средбите на ДЕАШ во градот, Ебу Халдун.
Според соопштението, во извршениот напад врз едно возило во областа Сарачхане, во западниот дел на градот Мосул, убиен е таканаречениот шеф на разузнавањето на покраината Нинива, Ебу Маха, како и друг челник на терористичката организација.
Во рамките на операција за ослободување на Мосул од ДЕАШ, која започна на 17. октомври 2016 година, ирачките сили кон крајот на минатиот месец целосно воспоставија контрола над источниот дел од градот.