Mehmet Tosun
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција и претседател на АК партијата Бинали Јилдирим и претседателот на Републиканската партија (CHP) во Турција, Кемал Киличдароглу, на средбата која што ја остварија во седиштето на Партијата за правда и развиј (АК Parti), зборуваа за потребата од продолжување на вонредната состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата на двајцата претседатели, на двете најголеми политички партии во Турција, станало збор за актуелната состојба во Турција.
На средбата претседателот на Републиканската партија Киличдароглу, истакнал дека е потребно продолжување на вонредната состојба во Турција.
Тој потсетувајќи дека за пучистите од 12 септември 1980 година (пучот кој го изведе началникот на Генералштабот на турската армија Кенан Еврен) „анонимни пријави не се земале предвид“, од премиерот Јилдирим побара слично нешто да се подготви и за пријавите во врска со пучот на 15 јули. Јилдирим ветил дека ќе се донесе таков указ, додавајќи дека сите кои неправедно биле отпуштени од работа, или се привремено суспендирани од работните места, откако ќе биде потврдена невиноста, ќе бидат направени потребните чекори.
Киличдароглу споменувајќи ги академиците кои се отпуштени или привремено суспендирани од работното место, Јилдирим рече: „Се делуваше според листите добиени од Советот за високо образование. Листите повторно ќе бидат разгледани, се чека на извештајот од разузнавачката служба“.
Киличдароглу истакна дека не е во ред јавно да се прикажуваат мерките насочени кон бизнисмени, новинари и академици, особено притворањето на новинарите и нивно апсење.
- „По прашање на судството, потребно е да се обезбеди заедничка согласност“ -
Киличдароглу, за чуствителноста по прашањето за Сирија зборуваше со премиерот Јилдирим. Премиерот Јилдирим го информираше Киличдароглу по ова прашање.
Турскиот премиер, во рамките околу уставните измени, особено околу прашањето за судството, ја истакна потребата од обезбедување заедничка согласност, истакнувајќи дека е потребно извршување на трајни измени.
Јилдирим, меѓу другото предложил парламентарните избори да се организираат на 5 години, на што претседателот на ЏХП Киличдароглу рекол дека ќе размисли во рамките на мандатот на избраниот 26-ти парламент.