Sarp Özer
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
АНКАРА (АА) – Турските вооружени сили започнаа артилериски напади од хаубици врз позициите на ДАЕШ во Сирија, поради ракетниот напад врз Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според воени извори извршен е ракетен напад врз градот Килис, од страна на подрачјето кое е под контрола на терористичката организација ДАЕШ.
По лоцирањето на местото од каде што е фрлена ракетата и идентификувањето на позициите на ДАЕШ, турските вооружени сили отворија оган кон утврдените позиции со хаубици од типот фиртина како и со ракетни бомби.