ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција, Исмаил Кахраман изјави: „За да ја разбереме сегашноста и иднината, потребно е да ја знаеме историјата. Без да ја знаеме историјата, не можеме да ја знаеме сегашноста, ниту пак иднината. Ние сме наследници на една светска држава што корените ги има раширено на три континенти“, јавува Anadolu Agency (AA).
Кахраман ја отвори изложбата „Трагите од периодот на Султан Абдулхамид Хан Втори“, којашто се одржа во палатата Долмабахче, во рамките на меѓународниот симпозиум за Султан Абдулхамид Хан Втори и неговиот период.
Кахраман кој пред отворањето се обрати пред гостите, истакна дека со овој симпозиум се исполнува една историска задача и потсети дека националните палати со меѓународните симпозиуми потсетуваат за историските личности.
Споредувајќи ја историјата со светилник, Кахраман рече: „За да ја разбереме сегашноста и иднината, потребно е да ја знаеме историјата. Без да ја знаеме историјата, не можеме да ја знаеме сегашноста, ниту пак иднината. Ние сме наследници на една светска држава што корените ги има раширено на три континенти. Беше засадена мала врба. Оваа врба порасна и стана голем чинар. Две илјади квадратни километри земја што Селџуците им ги дадоа на Османлиите и на Кајите е место на 2 илјади шатори. Потоа оваа земја се прошири на 20 милиони квадратни километри и доминираше на 3 континенти и 7 мориња. Ние сме сопственици на оваа голема историја. Османлиската светска држава треба добро да се знае, не треба да недостасува почит кон оваа држава“.
Кахраман изјави дека Османлиското царство ги претставува корените, а републиката ја претставува државата на новата ера, односно правната и демократската држава каде што народот го избира претседателот.
- „Тие што го губат минатото, го губат и достоинството“ -
Истакнувајќи дека заедно со републиката ќе продолжат понатаму, Кахраман рече:
„Ќе ја издигнеме нашата Турција на достојно ниво и ќе сториме сѐ што е во наша моќ за нашата мисија да ја исполниме. Ние немаме шовинистички дух. Правиме нешто рационално. Потребно е да ја истражуваме нашата историја од сите аспекти. Треба да извлечеме поука. Зошто да се плашиме од нашата историја. Народите што го губат минатото, го губат и достоинството. Ќе го задржиме минатото живо и ќе се подготвиме за иднината“.
Нагласувајќи дека Националните дворци неколкупати реализирале слични симпозиуми, Кахрман изрази благодарност за овие активности.
Тој изјави дека големите луѓе и личности во светот се потсетуваат на своите јубилеи и рече дека е нормално ова да се случува и во Турција.
Султан Абдулхамид ја соедини светската држава што беше во процес на распаѓање и продолжи понатаму. Гледаме дека во овој период државата стана општество на мирот, доби голем надворешен углед и живее во голем внатрешен мир. Но за жал, прво со војната во Либија, со балканските војни, и потоа со Првата светска војна 1914-1918, оваа држава се распадна. За жал, нашето учество во тие војни нѐ стопи нас“, оцени Кахраман.
Тој потсети дека војните ги елиминираа луѓето едуцирани во образовните институции на Абдулхамид, како и за загубите на османлиската држава.
Кахраман раскажа дека во Првата светска војна османлискиот народ се соочувал со голема сиромаштија – застанало сточарството, земјоделството и технологијата.
- „Секој политичар ја посакува благосостојбата на својата држава“ -
Кахраман нагласи дека Султан Абдулхамид бил вешт политичар.
„Секој владетел, секој претседател на држава, секој партиски лидер и секој премиер посакува благосостојба и добробит за својата држава. Тие се со добра волја. Но, добрата волја не е доволна. Потребно е да се погледне и да се разбере просперитетот. Подготовките што се направија во врска со Абдулхамид се огромни. Беа подготвени четири посебни дела. Сакавме да напишеме пиеса и еден филм. Но времето не беше доволно. Дај Боже да биде во иднина.
Кахраман потсети дека во времето кога министер бил Туран Офлазоглу, тој го замолил да подготви пиеса за Султан Абдулхамид, но дека Офлазоглу рекол: „Абдулхамид не може да се опфати со едно дело затоа што тој е светска историја“.
Кахраман го заврши обраќањето молејќи се за Султан Абдулхамид и за хероите.
Истакнувајќи дека како национална палата доживеале многу важен ден, заменик генералниот секретар на Големото народно собрание на Турција, Јасин Јилдиз рече: „Салонот каде што се наоѓаме е еден од најценетите салони според инвентарот на националните палати. Во овој салон по пауза од 10 години, имаме среќа да направиме изложба од ваков обем. Султан Абулхамид е падишах кој со оставените дела оставил и сериозни траги. Еден голем дел од овие дела во рамките на националните палати се отворени за посетителите“.
По отворањето, Кахраман и придужниците прошетаа низ изложбата.
На отворањето присуствуваа гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, градоначалникот на општина Истанбул, Кадир Топбаш, истанбулскиот пратеник на Ак Партија, Волкан Бозкир и пратеникот на Партијата за национално движење, Екмеледин Ихсаноглу.
- Изложбата „Трагите од ерата на Султан Абдулхамид II“ -
Изложбата каде што ќе бидат прикажани делата од ерата на Султан Абдулхамид II се одржува во салонот „Муаједе“ во палатата Долмабахче. На изложбата, на посетителите ќе им бидат претставени 225 историски дела од колекцијата на националните палати.