Emin Avundukluoğlu
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АK Parti) денес повторно го номинираше Исмаил Кахраман за свој кандидат за претседател на Големото народно собрание на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Двeгодишниот мандат на Кахраман започна во ноември 2015 година, а ќе заврши на 22 ноември. Се очекува да биде реизбран на 20 ноември.
Турскиот парламент треба да избере нов претседател на Собранието следниот понеделник, откако сите кандидати ќе ја поднесат Декларацијата за намера за изборите до четврток.
Пратениците ќе го изберат новиот спикер преку тајно гласање во четири круга, во еден ден.
Во првите два круга, на кандидатите ќе им треба мнозинство од 376 пратеници, во парламентот составен од 550 пратенички места.
Во третиот и четвртиот круг од гласањето, доколку е потребно, доволно ќе биде просто мнозинство од 276 пратеници за избор на новиот спикер.
Владејачката Партија на правдата и развојот (АK Parti) има 316 пратенички места во парламентот, додека Партијата на национално движење (MHP) има 36 места.
Главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) го именуваше поранешниот министер за финансии, Зекерија Темизел, за свој кандидат за функцијата.
Кандидатка на Народната демократска партија (HDP) е Селма Ирмак, која на 3 ноември беше осудена на 10 години затвор за обвиненија поврзани со тероризам.