İsmail Çimen
21 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Албанија, Бујар Нишани го посети во Анкара претседателот на Големото народно собрание на Турција (ГНСТ), Исмаил Кахраман, јавува Anadolu Agency (AA).
Кахраман, ги пречека албанскиот претседател и неговата делегација во Свечената сала. По фотографирањето, средбата продолжи зад затворени врати.
Претседателот на собранието на Турција и претседателот на Албанија со неговата делегација ги разгледаа Генералното собрание и местата што беа оштетени за време на бомбардирањата од страна на членовите на ФЕТО на 15 јули.