Sibel Uğurlu
24 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Францускиот министер за надворешни работи, Жан Марк Ајро ја пофали храброста на турскиот народ и на парламентарците за време на обидот за државен удар на 15 јули, откако денес претседателот на Парламентот, Исмаил Кахраман го одведе во посета на бомбардираната зграда на Парламентот во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Ајро изјави дека неговото присуство во Анкара ја покажало солидарноста на Франција со Турција во врска со обидот за државен удар, поради што тој сакаше да ја започне својата официјалната посета и да ги види оштетените делови на турскиот Парламент.
„Парламентот е симбол на турската демократија, а беше погоден во своето срце. Како што знаете, Франција веднаш го осуди обидот за државен удар“.
„Ние ја цениме храброста на членовите на Парламентот таа вечер. Турскиот народ одигра исто така храбро, излезе на улиците и кажа ‘не’ на државниот удар“, вели тој.
Кахраман вели дека обидот за државен удар на 15 јули бил тест за демократијата на Турција.
„Ги видовте бомбардираните цели. Имавме ужасна вечер (на 15 јули). Ова беше еден вид тест за демократијата. Сѐ на сѐ, турското општество покажа дека ја опфаќа демократијата и го спречи ударот заедно“, рече тој.
Најмалку 241 лице загинаа и речиси 2.200 други беа повредени во обидот за државен удар, за кој турската Влада вели дека е организиран од терористичката организација ФЕТО.