Halil İbrahim Başer
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку десет лица се повредени при судирот на метробус со двокатен градски автобус и уште неколку возила во истанбулскиот кварт Кадикој, потврдија од управата на градот Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува, метробусот во утринските часови излетал од својата возна летна во квартот Кадикој, во азискиот дел на градот на Босфорот, а потоа се судрил со двокатен градски автобус што доаѓал од спротивниот правец.
По судирот со градскиот автобус, метробусот удрил во уште три возила, кои ги прегазил.
„Во несреќата се повредени десет лица. Се работи на подигање на автобусот со помош на дигалка. Очевидците наведуваат дека еден патник го нападнал возачот на метробусот и дека поради тоа дошло до несреќата“, се наведува во соопштението од канцеларијата на гувернерот.