Diyar Güldoğan
17 Август 2016•Ажурирај: 18 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Билансот на загинати припадници на турската крајбрежна стража во судирот на два брода утрово во Истанбул е три лица, а четворица повредени се хоспитализирани, јавува Anadolu Agency (AA).
Рано утрово во водите на Босфорот кај Сарајбурну во Истанбул, дојде до судир на брод на турската крајбрежна стража и товарен брод, по што бродот многу оштетен потона.
Спасувачките екипи во текот на денот од водата го извадија безживотното тело на еден од припадниците на крајбрежната стража, а неименуван претставник на крајбрежната стража соопшти дека починале уште двајца потешко повредени.
Четворицата припадници на крајбрежната стража кои беа спасени со интервенција на спасувачките екипи, сè уште се хоспитализирани во истанбулските болници.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.