İsmail Alış
16 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
ЕДИРНЕ (АА) – На граничниот премин меѓу Турција и Грција, Ипсала запленети се 298 килограми и 637 грама наркотици во еден скриен простор во приколката на шлеперот кој го управувал еден македонски државјанин, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, поради сомневањата на тимовите на Дирекцијата за граници, криумчарење и разузнавање во Ипсала, шлепер управуван од страна на македонскиот државјанин К.Н (60), кој преку граничниот премин сакал да влезе во Турција, бил ставен на рендген.
Тимовите направиле детално пребарување во приколката, бидејќи однесувањето на возачот им било сомнително. Во еден скриен дел направен сецијално за да не се приметува и на рендген, биле запленети 298 килограми и 637 грама наркотици поставени во 256 паковки. Возачот К.Н. бил приведен, и по завршување на процедурите бил доставен во судот на Ипсала.
Возачот на шлеперот е притворен за стореното кривично дело „меѓународно шверцување дрога“.