Ekipa
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
СИДНЕЈ (АА) - Три лица од канадски крузер обвинети се за трговија со дрога откако полицијата во Сиднеј во нивниот багаж пронајде 95 килограми кокаин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вредноста на дрогата изнесува 31 милион австралиски долари, односно 23 милиони американски долари, потврди командирот на австралиската гранична полиција Тим Фицџералд.
Тој истакна дека станува збор за досега најголема заплена на наркотици во Австралија, пронајдени кај патник во крузер или авион.
Осомничени се 63-годишен маж и две жени на возраст помеѓу 28 и 22 години.
Ако се докаже нивната вина, ќе се соочат со доживотен затвор.