Mustapha Dalaa,Ayşe Sümeyra Aydoğdu
29 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
АДЕН (АА) – Во пристанишниот јеменски град Аден, во кој привремено беа прeселени единиците за управување по окупацијата на главниот град на Јемен – Сана, беше изведен напад со автомобил бомба. Според првичните информации, во нападот загинати се 45 лица, а околу 60 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации од силите на Народниот отпор (ХДГ), нападот со автомобил бомба се случил додека силите на Кетаиб ел-Мухадара, инаку поврзани со ХДГ, појадувале, стационирани во училиштето Ес-Сенафир.
Во болниците на организацијата „Лекари без граници“ биле регистрирани најмалку 45 загинати лица, и околу 60 повредени.
Бројот на жртви се очекува да расте поради тоа што има тешко повредени.
Во последно време се случуваат вакви бомбашки напади од страна на радикални организации во градот Аден, кој се смета за привремен главен град на Јемен.