Ramazan Turgut
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
НЕЏРАН (АА) – На границата помеѓу Саудиска Арабија и Јемен во градот Неџран како резултат на фрлена ракета едно дете го загуби својот живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Директоратот за цивилна одбрана на градот Неџран, потполковникот Али ес-Шехрани, изјави дека фрлената бомба од Јемен паднала во една куќа во градот Неџран.
Во нападот животот го загуби 11-годишно дете, а неговата мајка е повредена, додаде Шехрани. Во последно време градот Неџран, кој е одалечен 30 километри од јеменската граница е мета на ракетни напади од страна на милитантското движење Хуcи.
Овие напади предизвикуваат голем број цивилни жртви и ранети. Вчера во истиот град при ракетен напад од Јемен погодена е куќа во која животот го загубија 2 деца, а 5 члена од едно семејство беа повредени. Се наведува дека во нападите врз градот досега животот го загубиле триесетина цивили, а над 300 лица се повредени.