Mahmut Atanur
29 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
ПЕКИНГ (АА) - По 28 години приведен е серискиот убиец во Кина, којшто убил 11 жени по нивното силување, јавува Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во весникот „Глобал Тајмс” официјален медиум на Комунистичката партија на Кина, во градот Баџин во Автономниот Регион на Внатрешна Монголија од страна на полициските службеници е приведен 52-годишниот сериски убиец, Гао Чингјонг, којшто силувал 11 жени а потоа ги убивал.
Серискиот убиец којшто е приведен врз основа на истражувањата на отпечатоците, сам ги призна сите кривични дела, исто така, признал дека првото убистви го има извршено во 1988 година.
Полицијата истакна дека серискиот убиец сите негови убивања ги има извршено до 2002 година во подрачјата на Баџин и Баотоу. Резултатите од истражувањата покажаа дека серискиот убиец посебно го привлекле жените со црвена облека коишто ги следел до нивните домови, а после актот на силување ги убивал.
Исто така, од полицијата соопштија дека меѓу жртвите на Гао има и 11-годишно девојче.
Во 2004 година беше распишана награда во вредност од 200.000 јени (30.000 илјади долари) за секој што ќе даде каква било информација за негово фаќање.
Семејството и соседите на Гао се изјасниле дека не знаат ништо во врска со неговото приведување.