Ekipa
29 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
БРИСЕЛ (АА) - Наводите на медиумите во врска со експлозијата на бомба утринава, пред белгискиот Институт за криминологија во Брисел веројатно се лажни, а по сè изгледа станува збор за напад на пироман врз лабораториите, се соопштува од Канцеларијата на Обвинителот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Веројатно не се работи за тероризам. Тоа е кривично дело. Не можам да потврдам дека имало бомба”, изјави портпаролката на Обвинителството во Брисел, Ине Ван Вимерш.
На Институтот за криминологија во северниот дел на Брисел рано утрово одекна експлозија, но повредени немаше.

Државната телевизија RTBF јави дека експлозијата се случила во два часот наутро по локално време, кога еден или повеќе напаѓачи со автомобил ја пробиле оградата и потоа детонирале бомба во близина на лабораториите при што е предизвика голема материјална штета.
Полицијата распореди свои сили и го затвори подрачјето.
Институтот за криминологија им помага и ги советува белгиските судски власти во спроведувањето на истрагите.
Белгија е во состојба на готовност по нападот на аеродромот и метрото во Брисел на 22 март, во кои загинаа 32 лица.