Huseyin Karatepe
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Царинската служба и пограничните сили на Турција во првите десет месеци од оваа година запленија 2,35 тони дрога, која се смета за еден од главните извори на финансирање на терористичките организации на тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата на царинската служба на Република Турција и оваа година продолжи со ефикасната борба против трговијата со дрога, која е една од главните активности на терористичката ПКК и другите терористички групи.
Вредноста на запленетата дрога во првите десет месеци од оваа година на црниот пазар се проценува на 22 милиони лири (61,5 милиони евра).
Од јануари до крајот на октомври турските цариници од терористите заплениле 145 килограми хероин, 42 килограми опиумски мастики за џвакање, 780 килограми марихуана, 90 килограми синтетичка марихуана, 415 килограми кокаин, 10 килограми метамфетамини, 290 килограми екстази и 570 килограми каптагон таблети.
Износот на запленетата дрога во првите десет месеци од оваа година, е за 40 отсто поголем во однос на запленувањето на 1.643 тони дрога во првите десет месеци од минатата година.
Во ефикасната борба против трговијата со дрога, на турските цариници од голема помош им се и дресираните кучиња-трагачи, кои се користат за таа цел од 1998 година.