Emel Öz Gözellik
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Еден од пет смртни случаи кај младите во Соединетите Американски Држави (САД) е поврзан со опиоид (наркотично средство), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на студијата реализирана од страна на болницата „St. Michael“ во Торонто, е откриено дека еден од пет смртни случаи кај младите Американци е поврзан со опиоиди, односно бројот на смртните случаи од ова средство во периодот од 2001 до 2016 година е зголемен за 292 отсто.
Се вели дека 70 отсто од смртните случаи предизвикани поради користење опиоиди се кај лицата од машки пол.
Д-р Тара Гомес, дел од тимот на истражувачи, вели дека е загрижувачко тоа што овие материи се широко распространети кај младите во САД, и дека кризата може да се одрази на неколку генерации.
Резултатите од ова истражување се објавени во списанието „JAMA Network Open“.