Göksel Yıldırım
04 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ - Турските безбедносни сили вклучија копнено беспилотно возило во рамките на беспилотните системи. Првиот производ од Платформата за гаѓање со далечински управувач (UKAP) достигна ниво на коешто може да служи во местата на жестоки судири, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските компании од одбранбената индустрија нудат нови производи во употреба на безбедносните сили, и ги зголемуваат капацитетите на постоечките производи.
Во овие рамки, Платформата за гаѓање со далечински управувач (UKAP) кој е развиен од страна на компанијата „Катмерџилер“ (Katmerciler) и е опремен со оружен систем од страна на АСЕЛСАН, е подготвен за мисии по направените успешни тестирања за гаѓање во движење.
На УКАП се извршени копнени тестирања под секакви тешки услови, додека перформансите на движење и капацитетите на гаѓање се развиени според барањата. Во овие работи се земени предвид и коментарите, предлозите и мислењата на институциите како копнени сили, полиција и жандармерија. На крајот на извршените работи, првото од копнените беспилотни возила достигна ниво во кое може да врши оперативни мисии.

УКАП се состои од главна платформа развиена од страна на компанијата „Катмерџилер“, и од Стабилизиран оружен систем со далечински управувач „САРП“. Со функцијата на далечински управувач, возилото ќе врши мисии во местата на жестоки судири. Со карактеристиките што ги поседува, ова возило на максимално ниво ќе дава придонес во осигурување на безбедноста на персоналот во полициските станици и операциите во и надвор од градовите.
Продолжуваат работите за поразвиени и попаметни верзии на платформата под надзор на Секретаријатот за одбранбена индустрија, кој е и координатор на овој проект.
Претходно, секретарот на Одбранбената индустрија, Исмаил Демир, соопшти дека над 20 платформи ќе бидат предадени на Вооружените сили на Турција.
Компанијата „Катмерџилер“ врши активности за соработка и промовирање на УКАП на меѓународните пазари.
Оваа компанија ќе биде учесник на Меѓународниот саем за одбрана и безбедност (Eurosatory) кој ќе се одржи во период од 11 до 15 јуни во Париз, каде што УКАП ќе биде презентиран пред посетителите.
Платформата претходно беше изложена и на Саемот за одбранбени услуги во Азија, кој се одржа во малезискиот главен град, Куала Лумпур.