Dildar Baykan
12 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека со Турција имаат многу добри односи и дека оваа земја е нивен сојузник во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп даде изјава за новинарите во дворот на Белата куќа пред неговото заминување во американската сојузна држава Луизијана.
Американскиот претседател укажа на изјавата на министерот за трезор на САД, Стивен Мнучин, во врска со можни санкции против Турција.
„Турција и Курдите (ЈПГ/ПКК) војуваат веќе стотици години. Ние излеговме од таму (северниот дел на Сирија)“, додаде Трамп.
Тој нагласи дека САД имаат голема економска моќ, и рече: „Доколку Турција направи нешто што не треба да го прави, ќе спроведеме санкции од тој вид што претходно многу малку земји го виделе тоа.“
Трамп истакна дека САД сто отсто ја поразиле терористичката организација ДЕАШ.
„Со Турција имаме многу добри односи, и тие се наш сојузник во НАТО. Со Турција извршивме бројни трговии. Но не сакам тие да убиваат многу луѓе“, рече Трамп, и додаде: „Доколку бидеме принудени, ќе користиме санкции.“