Kasım İleri
12 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Американскот републикански сентаро од сојузната држава Јужна Каролина, Линдзи Грахам, наседна на телефонска шега во која го повикале две машки лица од Русија претставувајќи се дека се турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Грахам, кој изнесува остри реакции на сметка на Турција во контекст на операцијата „Извор на мирот" на североистокот на Сирија и кој упати нацрт-закон за воведување на остри санкции на Турција, во август имал телефонски разговор, во кој мислел дека разговара со турскиот министер Акар.
Американскиот весник „Политико" (Politico) објави тонски запис во кој јасно се слуша како двајца руски телефонски шегаџии Алексеј Стојалров и Владимир Кузнецов го повикуваат кабинетот на Грахам претставувајќи се како министер Хулуси Акар.
Во двата тонски записи од 13 и 16 минути може да се слушне како Грахам, мислејќи дека Акар е од другата страна на телефонот, истакнува: „Доколку е можно сакам овој разговор да биде во двострана корист."
Грахам во текот на разговорот говори дека американскиот претседател Доналд Трамп не сака да воведува санкции на Турција, туку дека негова цел е со Анкара да воспостави договор за слободна трговија.
Сенаторот исто така наведува дека ги убедиле Републиканците и дека се надева дека доколку Турција го постави S-400 на некоја оддалечена точка, можат да почнат преговори за слободна трговија.
„Слободната трговија помеѓу двете земји ќе ја стабилизира валутата на турската лира", додаде тогаш Грахам.
„Ако Турција инсистира на S-400, тогаш истиот систем ќе почнат да го бараат и останатите сојузници. На тој начин ќе се врши голем притисок врз нашето партнерство. Сакам да ја видам Турција во програмата F-35 и верувам дека ќе најдеме заеднички пат и во врска со прашањето за S-400", рече Грахам.
Интересно е дека Грахам го истакнува и тоа дека претседателот Трамп го замолил да го контактира турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и да го предложи договорот за слободна трговија.
Грахам нагласува дека се труди да го запре воведувањето санкции на Турција, затоа што оваа емја во значителна мерка помогнала во борбата против ДЕАШ и дека е задоволен поради тоа што Турција е нивен сојузник.
Во текот на разговорот станало збор и за терористите на ЈПГ.
- „Проблемот со ЈПГ е голем проблем"
„Вашиот проблем со ЈПГ е голем проблем. на претседателот Трамп му пренесов дека Барак Обама направи грешка бидејќи имаше доверба во Курдите од ЈПГ. Мораме да ѝ помогнеме на Турција да се заштити од ова страдање во Сирија. Во потполност ве разбирам во врска со проблемот со ЈПГ, претседателот исто така", порача Грахам.
Во текот на разговорот се разговарало и за водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, како и за судскиот процес околу Халк банка.