Ekip
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
АНКАРА (AA) – Началникот на Генералштабот на Вооружените на сили на Турција, воениот генерал Хулуси Акар во текот својот исказ пред Обвинителството рече дека на денот на воениот удар, кој го изведе терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, генералот Мехмет Дисли му кажал дека е започната операција и дека сите ќе бидат уапсени бидејќи единиците и бригадите веќе тргнале, на што тој му одговорил дека тоа е погрешен пат, јавува Anadolu Agency (AA).
„Реков дека ќе доживеат крах и дека сигурно ќе одговараат за тоа. Им реков дека како мажи треба тоа да го завршат додека не паднале жртви, сепак не можев да го убедам“, рече Акар.
Акар наведе дека командантот на Четвртата воздухопловна база Акинчи, Хакан Еврим, ноќта на обидот за пуч во Турција, му рекол дека „ако сакате можеме да ви го овозможиме разговорот со нашиот лидер Фетулах Ѓулен".
„Хакан Еврим, ми рече 'ако сакате можеме да ви го овозможиме разговорот со нашиот лидер Фетулах Ѓулен' ,на што му возвратив дека нема да разговарам со никого.После тоа сите ја напуштија просторијата, освен Акин Озтурк", рече Акар.
Воениот генерал Хулуси Акар во текот на исказот рече дека одбил да го потпише прогласот што пучистите се обидувале да му го наметнат.
„Не мрднав ниту со прст кога се обидоа да ме натераат да го потпишам и да прочитам лажниот проглас. Ниту ги слушав со сериозност додека ми го читаа. Се чини дека по сите тие настани, во глава ми остана дека таа предавничка чета ја нарекоа ‘единица на патриоти’, а јасно е дека станува збор за ‘советот за мир во татковината’. Лутината и бесот што ги чувствувам не се исчезнати. Не рекоа ништо за тој што го сочинува споменатиот совет“, рече Акар.
Меѓу другото, Акар кажа дека верува дека обидот за државен удар на 15 јули во Турција го извршиле припадниците на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ (Паралелна државна структура).
„Верувам дека обидот за државен удар го изведоа и планираа припадници на таа организација. Најважниот фактор за тоа лудило се подготовките кои се вршени пред одржување на седницата на високиот воен совет планирани за август, чии одлуки требаше на таа организација да и зададат голем удар", истакна Акар.