Sarp Özer
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
АНКАРА (АА) – Началникот на Генералштабот на турската армија, генерал Хулуси Акар, по повод 19 Септември, Денот на ветераните и воените инвалиди во Турција, во Генералштабот на Република Турција приреди свечена церемонија за херојските ветерани и воените инвалиди кои за знамето, државата, нацијата и за светите вредности ги жртвуваа своите животи исто како и сите загинати турски херои, јавува Anadolu Agency (AA).
„Посветеноста кон загинатите херои, ветераните и кон воените инвалиди никогаш нема да застари“, порача генералот Акар и додаде: „Нашето национално единство и интегритет се цел на сите терористички организации. Фузијата на народот со војската е најдобар пример за тоа. Турските вооружени сили, цивилната војска, жандармеријата, полицијата, нашите заштитници, рамо до рамо ќе продолжат во својата борба, сѐ додека на нашата терирорија не остане ниту еден терорист“.
Генерал Акар го истакна хероизмот и посветеноста во оваа борба и додаде:
„Кратко време по крвавиот обид за државен удар на 15 јули, започна операцијата ‘Штитот на Еуфрат’, со цел да се обезбеди сигурност и мир на турската граница и на народите од соседните земји. Оваа операција се коментира на најразлични начини, но вистината е дека Турските вооружени сили и Република Турција не целат кон територијата на некоја друга земја. Турција само го користи своето право на самоодбрана“.
„Турската армија својата моќ ја зема од законите, љубовта и од душата на турскиот народ. Таа ќе ги расчисти своите редови од предавниците и ќе стане уште посилна. Со цел да се обезбеди мир и безбедност во рамките на турските граници, ќе се бориме додека во државата не го неутрализираме и последниот терорист, следејќи ги зборовите на ветеранот Мустафа Кемал Ататурк: ‘Ниту една војска во светот немала војник со почиста душа од твојата и поцврст борец од тебе. Ти си причината за секоја победа’. Турските вооружени сили ќе се борат упорно и одлучно против терористите, без да им наштетат на граѓаните. За таа намена, продолжува операцијата ‘Штитот на Еуфрат’, чија основна цел е и од другата страна на границата, особено на турската граница, да се обезбеди мир во регионот и раселените лица да можат да се вратат во своите домови“.