Sarp Özer
15 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот началник на Генералштабот, Хулуси Акар, ќе присуствува на состанокот во Саудиска Арабија, на којшто заедно со своите колеги од 12 земји ќе разговара за борбата против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата ќе се одржи во Ријад на 15 и 16 јануари, соопштено е од Генералштабот на Турција.
Началниците на генералштабовите на 13 земји на средбата ќе разговараат за борбата против терористичката организација ДЕАШ и за други актуелни прашања.