Mesut Varol
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ВАН (AA) - Диеталниот ресторан, прв од ваков вид во турскиот Ван, на младата Бусра Бејер првично предизвика потсмев, но за кратко време овој ресторан постигна значајни резултати и се здоби со репутација нудејќи храна подготвена во согласност со строгите критериуми и препораки на нутриционистите.
Со оглед на тоа дека повеќето луѓе почнуваат за се хранат здраво и да ги конторолираат калориите кои ги внесуваат, Бусра Бејер дојде до идеја за ресторан, што ќе им понуди на клиентите нешто ново.

Во нејзиниот ресторан работат исклучиво жени, но како што рече, целната група на нејзиното работење всушност се жените.
„Многу жени сакаат да ја изгубат тежината занимавајќи се со спорт. Но, кога станува збор за хранењето следуваат тешкотиите. Во нашиот диетален ресторан храната ја подготвува нутриционист така што клиентите слободно можат да уживаат во храната без размислување за калориите“, рече Бусра.
Таа истакна дека граѓаните ваквиот вид на ресторан го дочекале со скептицизам, но како што одминувало времето гостите во ресторанот почнале да пристигнуваат по препорака.
Бусра дел од ресторанот го претворила во студио за танц, а дел во сала за вежбање.
Една од гостинките на ресторанот Серап Кескинтунч позитивно го оцени овој тип на ресторан.
„Јас многу се изненадив кога видов дека во Ван се отворил ваков ресторан. Но, кога го посетив ова место ми се допадна. Жените овде не доаѓаат само поради јадење, понекогаш доаѓаат и заради роденденски забави кои се организираат тука. Особено сум задоволна што сопственик на овој ресторан е жена, бидејќи тоа не е чест случај“, рече Кескитунч.